Поврзете се со нас

Франција

Сеир за сите пари: Ди Марија со безмилосен трик го легна Покетино на земја, ѕвездите на ПСЖ „полудеа“ (Видео)

Објавено

на

Тренинзите на ПСЖ очигледно никогаш не се здодевни и има многу пикантерии кои вредат да се одбележат, а најдобар доказ за тоа добивме во период од неколку часа.

Најпрво беше проследено видео на кое се гледа како Нејмар му одржува лекција на талентираниот Симонс кој порано беше дел од Барселона, но во продолжение, пристигна уште поурнебесен материјал од еден од последните тренинзи на „светците“.

Маурисио Покетино се врати во нормално функционирање откако го прележа коронавирусот, а Анхел Ди Марија собра храброст да му посака „добредојде“ со класичен „тунел“ по кој тренерот буквално падна на земја.

Аргентинската ѕвезда на ПСЖ не само што немаше милост, туку и му фаќаше сеир на тренерот такашто прослави лизгајќи се на гради…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни