Сеир на интернет: Спринт дуелот меѓу Игуаин и Роналдо стана вирален хит (Видео)

gonzalo-ronaldo

Гонзало Игуаин се врати во Торино и ги започна пресезонските подготовки со Јувентус, но додека се чека нешто подетално за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата, денеска на социјалните мрежи пристигнаа доста зли коментари од фудбалските фанови кои последниве години му фаќаат сеир на Аргентинецот.

Причина за тоа е вежбата на последниот тренинг во која до израз доаѓаат спринтерските способности, а неповолно за Игуаин беше тоа што веднаш после него, вежбата ја одработи Кристијано Роналдо кој е во далеку подобра физичка состојба од него, без оглед на тоа што е постар три години.

Facebook Коментари