Сеир на интернет: Салах го „олади“ Гери Невил на свеченоста во Лондон (Видео)

mo-saat

Мохамед Салах го доби признанието „Пушкаш“ кое се доделува на играчот кој го постигнал најдобриот гол во изборот на ФИФА, одлука која дефинитивно предизвика најголема бура од реакции во светската спортска јавност, а и меѓу фудбалските фанови.

Глобалниот заклучок е дека имаше барем три подобри гола од оној кој го постигна Салах против Евертон во „Мерсисајд“ дербито, а во таа насока оди и урнебесниот твит на Џејмс Милнер кој во свој стил го истрола  соиграчот. Сепак, покрај ова, египетскиот фудбалер стана топ тема на социјалните мрежи и поради еден свој потег додека продефилира на црвениот тепих, односно поради реакцијата која ја имаше со легендата на Јунајтед, Гери Невил.

Гери како новинар на „Скај Спортс“ сакаше да одработи кратко интервју со ѕвездата на Ливерпул, но наместо тоа, доби само ладен поздрав, па така поранешниот десен бек на Манчестер и неговата колешка останаа извисени во дадената ситуација. Овој потег на Салах брзо стана вирален на социјалните мрежи, пред се поради фановите на Ливерпул кои останаа воодушевени од неговата реакција.

Видеото погледнете го ТУКА

Facebook Коментари