Сеир на годината: Кањелас заминал од Вардар за Хановер?

vardar

Коментаторот на ЕХФ, Том О`Бранаген, ја изненади ракометната јавност со лиферување на вест која заслужува да се најде во ударните вести, а тој ја сподели преку својот профил на „Твитер“.

Тој јавно запраша, дали Жоан Кањелас го напуштил Вардар без да му јави, а притоа го повика тренерот на Хановер, Антонио Карлос Ортега, да ја објасни ситуацијата.

Сепак, одговорот го понуди самиот О`Бранинген, додавајќи на крајот од својот твит слика од извештај од ракометниот портал „handball-world“ за натпреварот на Хановер со кој славел на гости во Лудвигсхафен-Фризенхајм со 27:21. Во написот децидно се вели „тимот на Жоан Кањелас и Икер Ромеро“, но токму спомнувањето на вториот од нив открива дека станува збор за лапсус во обид да се цитира актуелниот стручен штаб на Хановер, составен од Перез и Ромеро.

Навивачите на „црвено-црните“ можат да здивнат: иако оваа година им завршуваат договорите на Циндриќ, Штербик и Гонзалес, ситуацијата со Кањелас е дека тој има тригодишен договор што истекува на крајот од сезоната 2018/2019.

Facebook Коментари