СЕХА го тестираше Игор: Карачиќ откри што се му недостасува од Скопје (Видео)

karacic-medal

Игор Карачиќ беше најзаслужен за блесокот на Вардар на Ф4 турнирот во Келн и сосема заслужено беше прогласен за МВП на завршницата на Лигата на шампионите, издание со кое му помогна на нашиот најдобар состав да стигне до втората титула во најелитното европско натпреварување.

За жал, Карачиќ во денови кога беше неизвесна судбината на Вардар си договори ангажман во Кјелце, а трансферот во полскиот состав значи дека после долго време, не може да ужива во натпреварите во СЕХА лигата. Поради тоа, регионалното натпреварување му направи еден тест на Хрватот, кој при своето обраќање посочи дека неговиот втор дом Скопје му недостасува поради дружбата со пријателите со кои вечно ќе остане во контакт, но и поради храната во Македонија која за него очигледно е незаменлива.

Facebook Коментари