Поврзете се со нас

СЕХА лига

СЕХА ги одреди термините за четвртфиналните дуели на Вардар и Еурофарм

Објавено

на

Ракометната СЕХА лига денеска ги објави конкретните датуми за продолжението од сезоната која стигна до четвртфиналната фаза и не заврши на вообичаен начин поради проблемите кои ги предизвика пандемијата.

Македонија има два претставника во завршницата, а сега е јасно кога Вардар и Еурофарм Пелистер ќе ги одиграат своите натпревари од четвртфиналето.

Еурофарм Пелистер фактички ја отвора четвртфиналната програма на 21. август, кога ќе му биде домаќин на Мешков Брест, додека три дена подоцна, на 24. август Вардар го пречекува ППД Загреб.

Мешков ќе го пречека Еурофарм на 29. август за реваншот во нивниот двомеч, додека Вардар гостува во Загреб на 31. август.

Во преостанатите два четвртфинални пара играат Веспрем-Нексе и Татран-Мотор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни