Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сеферовиќ со промашување на сезоната пропушти да ја шокира Барселона на „Камп Ноу“ (Видео)

Објавено

на

Бенфика остана без голот на Отаменди од првото полувреме на бизарен начин, но доби уште една голема шанса да ја шокира Барселона на „Камп Ноу“ во денешниот дуел од Лигата на шампионите.

При резултат 0:0 и во рамките на судиското продолжение, Харис Сеферовиќ успеа да го помине Тер Штеген, но не успеа да погоди празен гол.

Португалскиот состав испушти можност да се најде во уште подобра позиција во пресрет на последното коло, па сега има два бода помалку од денешниот ривал.

Во последното коло, Барса гостува кај лидерот Баерн Минхен, додека Бенфика го пречекува Динамо Киев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни