„Седумката“ вредна шест милиони денари уловена во Неготино

riste sedumkashot od negotino

Во 69-тото коло од играта „НовоЛото 7/34“ чие извлекување се одржа во среда на 30 август 2017, беше извлечена главната премија „седумка“ со вредност од шест милиони денари. Уплатата е реализирана во Неготино во среќното место „Корзо“.

Среќниот добитник на седумката денес ги посети просториите на Државна лотарија и ни ја раскажа својата среќна приказна. Ристе е сосема обичен човек од Неготино, кој речиси целиот свој живот игра игри на среќа, а меѓу омилените негови е и „НовоЛото 7/34“. На 30 август истиот ден кога беше и извлекувањето од 69-то коло на „НовоЛото 7/34“, Ристе случајно во една прошетка застанал пред продажното место „Корзо“ и уплатил систем од осум броеви. Броевите ги одбрал сосема случајно, а тоа биле броеви без никакво значење за него до тогаш, но од сега најсреќните броеви. Како што и самиот раскажал, извлекувањето не го следел во живо, но кога ги проверувал уплатените броеви не можел да се прибере од возбуда. Ристе е играч кој неколку пати игра полн систем од осум , а понекогаш и од девет броеви , но среќата му се насмевнала токму во ова коло каде среќните броеви му донесоа вкупна добивка од 6 123 235 денари , од кои 6 000.000 денари за седумката и 123 235 денари за седумте „шестки“ кои му ги носи полниот систем од 8 броеви.

Фондот за главната премија во „НовоЛото 7/34“ и во наредното коло изнесува гарантирани 6.000.000 денари, а премијата за дополнителната игра Џокер надмина 1.250.000,00 денари.

Послушајте го советот на Ристе од Неготино , не губете ја надежта во среќата и одиграјте ги вашите среќни броеви во НовоЛото 7/34, и станете добитник на најголемата премија во Македонија.

Facebook Коментари