Поврзете се со нас

Свет

„Седумка“ за Војдан против Лимож

Објавено

на

Војдан Стојановски и Гравелин Данкерк го претрпеа вториот пораз во вториот сезонски натпревар во првата лига на Франција.

Овојпат составот на Гравелин Данкерк загуби на домашен терен од кошаркарите на Лимож со 77-65. Домаќините беа инфериорни во првите три четвртини, па залудна беше добрата игра во завршните десет минути.

Ланг со 22 поени беше прво име кај победникот, кај домаќините Велс со 14 ја предводеше листата на стрелци.

Скромна партија имаше Војдан со 7 кошеви и 2 скокови. Следен ривал за македонскиот ас и пријателите е Ле Ман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни