Поврзете се со нас

Свет

„Седумка“ на Стојановски против Дижон

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски и Гравелин Данкерк го претрпеа четвтиот пораз во петтиот натпревар во првата лига на Франција.

Вечерва составот на Гравелин Данкерк пред своите гледачи загуби од Дижон со 81-67. Гостите реализираа во своја полза три од четирите четвртина и со тоа дојдоа до четвртиот триумф во шампионатот, поточно до продолжување на победничката серија.

Нашиот Стојановски средбата ја заврши со седум поени (3/3 за еден, 2/3 за два, 0/3 за три) и еден скок. Најефикасен на мечот беше играчот на Дижон Симон со 18 кошеви.

Во следното коло Стојановски и соиграчите му гостуваат на Орлеан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни