„Седумка“ на Стојановски на гостувањето во Унгарија во ФИБА Еврокупот

vojdan duel

Македонскиот ас, Војдан Стојановски постигна седум поени за Бујукчекмече на гостувањето кај Алба Фехервар во втората фаза на ФИБА Еврокупот.

Војдан зад своето име додаде уште 4 скокови, 3 асистенции, 2 украдени, но и четири загубени топки со тоа што домаќините го добија овој меч со 74-72 и тоа откако последната четвртина ја заокружија победнички со 22-14.

Бујукчекмече сега има учинок од една победа и еден пораз, во следното коло му гостува на Невезис.

Facebook Коментари