„Седумка“ на Самарџиски против Коњаспор

pedja

Поранешниот македонски репрезентативец, Предраг Самарџиски одигра солиден меч за Самсунспор на денешниот натпревар против Коњаспор во втората турска лига.

Самарџиски за 29 минути на паркетот реализираше 7 поени (3/6 за два, 1/2 за еден), 7 скокови и 2 асистенции, но неговиот тим загуби со 59-57 и тоа поради лошата игра во второто полувреме во кое реализираа само 18 кошеви (17-6, 19-12).

Пеџа и компанија во моментов се на последната позиција на табелата со само една победа во првите 10 кола.

Facebook Коментари