Седум причини: Зошто Роналдо премина во калчолигашот Јувентус?

ronaldo

Големата португалска ѕвезда и еден од најквалитетните играчи во денешниот фудбал, Кристијано Роналдо по девет години го напушти шпанскиот гигант Реал Мадрид и се пресели во екипата на Јувентус која за него ќе мора да издвои над 100 милиони евра.

Овој трансфер за многумина беше изненадување со оглед на статусот и квалитетот кој се уште го поседува Роналдо, но на крајот се реализираше она што токму самиот фудбалер го најави по освојувањето на последната титула во Лигата на шампионите. Токму на тема Роналдо шпанска „Марка“ објави седум причини и предизвици зошто напаѓачот се одлучи да премине во Јувентус и во италијанскиот фудбал.

Еве кои се истите:

-Да покаже дека се уште има што да понуди

-Да ја освои шестата титула во ЛШ

-Да ја освои ЛШ со три различни тимови

-Да триумфира во три лиги во три различни држави

-Да стане најдобар стрелец на Јувентус во една сезона

-Да биде најдобар стрелец и да ја освои „Златната копачка“ со три различни клубови

-Да ја освои шестата „Златна топка“

Facebook Коментари