Седмото издание на „Скопје Ајс Фестивал“ закажано за овој викенд!

skopje_ice_festival_mk
Традиционалниот турнир во хокеј на мраз „Скопје Ајс Фестивал“ ќе биде на програмата овој викенд од 13 до 15 декември, а посебна специфика ќе биде младинската селекција на Македонија која што ќе биде инаугурирана на овој турнир.
Имено, хокеарите на Вардар нема да бидат единствени македонски претставници, бидејќи повеќегодишните напори доведоа до шанса да се подигне нова генерација, па  ова ќе биде прв официјален настап „Македонија јуниори“ – селекција составена од играчи во младинските категории.
Публиката на лизгалиштето крај салата „Борис Трајковски“ ќе може да ужива во магијата што со себе ќе ја донесат различни меѓународни играчи обединети во супер-екипата под име „Тим Интернешнл“, наспроти „Торпедо“ од Романија, кој по трет пат доаѓа во Скопје на нашиот турнир. Во првиот меч, Македонија Јуниори ќе игра против „Тим Интернешнл“, во петок, со почеток во 18.30 часот. Два часа подоцна ќе играат Вардар и Торпедо.
Македонските претставници ќе ги заменат противниците во сабота претпладне, кога јуниорите ќе играат со Торпедо (наутро во 8.30), а Вардар со „Тим Интернешнл“ (во 10.30). Финишот е во сабота попладне: во 15.30 ќе играат Торпедо и „Тим Интернешнл“, а во 17.30 ќе се соочат Вардар и Македонија јуниори.
Во недела претпадне, со натпреварот за трето место во 8:30 ч. и финалето во 10:30 ч. се затвора седмото издание на „Скопје Ајс Фестивал“.
skopje_ice_festival_2019

Facebook Коментари