Седма победа во низа: Димитријевиќ и Хувентуд го спакуваа и Билбао

neno-omic

Шпанскиот прволигаш Хувентуд ја забележа седмата победа во низа во АЦБ  лигата и тоа пред своите гледачи во пресметката со Билбао која ја реализираше со 97-86.

Ова беше дуел кој беше неизвесен, изедначен со тоа што домаќините во завршниот период го искористија домашниот терен и со подобра игра (33-24) се изборија за ново славје со кое се при самиот врв во најсилната кошаркарска конкуренција во Шпанија.

Препелиќ даде 19 поени, Харангоди од клупата уфрли 14, додека нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за 12 минути на паркетот реализираше 8 поени со 2 скока и 4 асистенција.

Facebook Коментари