Поврзете се со нас

Македонија

Седлоски се врати во мак-фудбалот и стана четврти тренер на Шкупи оваа сезона

Објавено

на

Гоце Седлоски и официјално се врати во мак-фудбалот по авантурата која ја имаше во Динамо Загреб, откако ова попладне стана четвртиот тренер кој ќе го води Шкупи во актуелната натпреварувачка сезона.

Фудбалскиот стручњак кој освои две титули со Вардар кратко имаше улога на тренер во вториот тим на Динамо, по што реши да се врати на спортската сцена во нашата земја, сега како кормилар на тимот од Чари.

Седлоски потпиша едногодишен договор со Шкупи, клуб кој своите шампионски амбиции ги иразува такашто веќе смени три тренери во досегашниот дел од сезоната, односно се раздели со Бајрами, Каран и Озер. Јасно, целта на Шкупи е Седлоски да се запознае добро со фудбалерите во завршницата од оваа сезона, а главните резултати и походот кон титулата ќе се бараат наредната натпреварувачка сезона.

– Пред се би сакал да им се заблагодарам на челниците на клубот кои ми ја укажаа довербата. Разговаравме и во текот на зимава, тогаш не најдовме заеднички јазик, но сега успеавме да се договориме и еве сум во Шкупи.

– Знам дека многу се инвестира во овој клуб, донесени се бројни засилувања, но искрено, јас познавам само двајца или тројца од овие играчи од времето додека го водев Вардар. Претстојните шест меча до крајот на сезоната се добра можност за докажување, сите ќе почнат од нула, ќе добијат шанса да докажат колку вредат. Целта е на највисоко ниво да го одработиме крајот од сезонава, а потоа да почнеме со проектот што јас и управата го имаме замислено, – изјави Седлоски на промоцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни