Поврзете се со нас

Конференциска лига

Седлоски: Санта Клара е добра екипа, ама резултатот ќе зависи од нашата игра

Објавено

на

Екипата на Шкупи е пред нов предизвик во Конференциската лига на УЕФА, предизвик кој е далеку поголем од оној претходниот затоа што ривал е португалскиот прволигаш Санта Клара.

Првата средба се игра утре од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а пред истата тренерот Гоце Седлоски посочи како треба да одиграа ако сакаат да дојдат до позитивен резултат.

-Мора да бидеме трпеливи, да бидеме паметни и да одиграме добра натпревар, да ги израдуваме нашите навивачи со победа. Пред нас имаме многу силен противник, тие играат брз, агресивен и напаѓачки фудбал, но секако и ние имаме што да покажеме на утрешниот натпревар. Направивме анализи на Санта Клара. Тие имаат одлични играчи, но резултатот ќе зависи од нашата игра, -порача Седлоски.

Исто така оптимист е и капитенот Фатих Исмаили.

-Максимално сме подготвени за утрешниот натпревар. Играме против прилично добар тим како Санта Клара. Ама кажувам уште еднаш, ние исто така сме многу подготвени и веруваме дека утре давајќи го максимумот можеме да дојдеме до позитивен резултат и да ги израдуваме нашите навивачи, рече Исмаили.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни