Поврзете се со нас

Конференциска лига

Седлоски: Ова е ново докажување, мора да одиграме најдобро што можеме

Објавено

на

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи е пред нова европска задача и тоа во завршната квалификациска рунда на Конференциската лига, односно ја добие битката со Балкани ќе испише историја и ќе се најде во групната фаза на третото по ред натпреварувње на УЕФА.

Првата средба е закажана за утре од 21 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, место на кое чаирчани ќе се обидат да дојдат до што подобар резултат против ривалот кого го ценат, ама во исто време веруваат дека можат да го победат и поминат.

-Дојде и тој меч со Балкани. Добро е што сите играчи ни се на располагање, сите се подготвени, немам повредени ниту казнети играчи. Мора да играме трпеливо, паметно, да одиграме најдобро досега што можеме. Имаме ривал кој е доста квалитетен штом стигнал до оваа фаза во плеј-офот. Утре е прво полувреме, се надевам дека играчите ќе дадат максимум и задачите ќе ги исполнат на теренот, -рече Седлоски и продолжи:

-Балкани е добро анализиран, пред месец ипол игравме пријателска во Струга. Нивниот тренер рекол дека ќе се пласираат во групи… Секој си има свои идеи и замисли, ама се треба да се потврди на терен. Ќе видиме по тие 180 минути кој ќе оди. Ова е ново докажување. Игравме добро и на претходните натпревари, но грешките скапо не чинеа и со Динамо и со Шамрок, -истакна тренерот на македонскиот првак.

Во целосен триумф и пласман во групата на КЛ е убеден дефанзивецот Бесир Демири.

-Противникот е анализиран, ние сме подобри знаејќи го првенството во Косово. Не смееме никако да ја пропуштиме оваа шанса. Се надевам дека ќе добијам шанса од тренерот, подготвен сум да го дадам максимумот, -порача Демири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни