Поврзете се со нас

Македонија

Седлоски доби добро познат сојузник како нов помошник во Шкупи

Објавено

на

Шкупи пред два дена му се заблагодари на Павел Неделковски за двегодишната соработка и објави крај на заедничката авантура, по што стана јасно дека Гоце Седлоски ќе добие нов помошник во редовите на македонскиот првак.

Ова попладне пристигна официјална информација дека нов помошник на Седлоски ќе биде човекот кој долги години му беше верна сенка, а тоа е човекот кој неодамна беше тренер на Работнички.

Александар Влахо се испроба самостојно како тренер по етапата која ја имаше со Седлоски, но сега повторно се враќа на старите навики и ќе му биде помошник во Шкупи.

Двајцата работеа заедно во Вардар, Рига, Динамо Загреб и Ширјоки Бријег, па сега ќе почнат една нова заедничка епизода во Чаир.

Шкупи сигурно ќе има за цел да ја одбрани титулата во домашното првенство со овој двоец, но да се прикаже во што подобро светло и во европските предизвици.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни