Македонија
Седлоски: Целта ни е опстанок, но ќе го нападнеме и трофејот во Купот

Брифингот за новинари овозможи да слушнеме изјави на голем дел од зимските засилувања на Вардар, но свое обраќање во поглед на очекувањата за вториот дел од сезоната имаше и Гоце Седлоски.
Тренерот на Вардар прифати голема одговорност и знае дека ситуацијата не е воопшто лесна, но денеска на соочувањето со новинарите испрати јасна порака околу амбициите кои ги има тимот за пролетниот дел од шампионатот.
Прва и основна цел е да се обезбеди опстанок во елитата, но Седлоски најави дека Вардар планира да го нападне и трофејот во Купот.
– Целта на сите е да го вратиме Вардар на врвот, онаму кадешто припаѓа, но сезонава целта ни е да избориме опстанок со еден подмладен тим во кој има доста нови играчи. Стартот на вториот дел од сезоната ни носи доста тешки противници, но можеби подобро е да играме со нив на почетокот. Секој натпревар за нас ќе биде како финале, ќе мора да се докажуваме на секој меч, против секој ривал.
– Ќе се обидеме да го нападнеме и трофејот во Купот. Играчите се свесни за тоа и максимално сме подготвени за тоа што не очекува оваа пролет. Според анализите кои ги направивме, потребни ни се уште две-три засилувања и очекуваме да ги добиеме до крајот на преодниот рок, – изјави Седлоски.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија24 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…