Поврзете се со нас

Лига Европа

Седлоски бара поддршка од навивачите на Шкупи во обидот за голем пресврт против Ирците

Објавено

на

Шкупи имаше солиден резултат на гостувањето во Ирска до самата завршница од мечот, но примениот гол во 97-та минута комплетно ги промени нештата и македонскиот првак сега брка поголема негатива против Шамрок Роверс.

Поразот од 3:1 во Даблин го обврзува Шкупи да тргне во максимална офанзива утревечер во Скопје, кога ќе биде потребна победа од три гола разлика за пласман во плејоф колот во Лигата на Европа.

Гоце Седлоски се уште не може да ги преболи наивните примени голови, особено оној во 97-та минута кој беше дело на О’Нил, но сепак верува дека неговиот тим ќе добие поддршка и ќе успее да направи подвиг.

– Кога играме вакви натпревари сигурно треба да бидеме 100 проценти фокусирани. Жал ми е како примивме голови на првиот натпревар, но сега ќе почнеме од почеток.

– Играме против тежок противник, има самодоверба и мотивација кај играчите и дефинитивно мора да победиме. Ги повикувам навивачите, кои се наш дванаесетти играч да бидат со нас до крајот, – порача Гоце Седлоски.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни