Поврзете се со нас

Олимписки игри

Себалјос потврди дека нема да биде подготвен за олимпиското финале

Објавено

на

Дани Себалјос се повреди уште на првиот настап на Олимписките игри во Токио, а денеска потврдил дека нема да биде подготвен за утрешното финале.

Шпанија ќе се соочи со Бразил во дуел на две репрезентации кои досега имаат по едно олимписко злато, а фудбалерот на Реал Мадрид ја загубил трката со времето.

– Работев напорно со нашиот одличен медицински тим за да се вратам на олимпискиот турнир, но едноставно не требало да биде така.

– Утре ќе и помагам на репрезентацијата на поинаков начин, одиме по златото, – изјавил денеска фудбалерот на Реал Мадрид.

Себалјос настрада по незгоден старт на репрезентативец на Египет, заработувајќи повреда на зглобот на ногата.

Финалето Шпанија-Бразил се игра утре од 13:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни