Шпанија
Себалјос откри кога ќе се врати Премиер лигата и нагласи кое ќе биде идеално сценарио за неговата иднина
Дани Себалјос направи виртуелно интервју за „ТВ Еспања“ и одговори на прашања кои се поврзани за неговата блиска иднина, но и за тоа што ќе се случи во Премиер лигата, натпреварување кое се очекува последно да се рестартира по паузата од коронавирусот.
Фудбалерот кој игра во Арсенал како позајмен фудбалер од Реал Мадрид откри дека според негови сознанија Премиер лигата ќе стартува на 20-ти јуни, сето тоа откако клубовите денеска добија дозвола и зелено светло за враќање на тренинзите во помали групи.
Шпанецот смета дека ќе бидат потребни четири недели редовни тренинзи пред враќање на терените, а бидејќи планот е Примера да се врати на 12-ти јуни, убеден е дека Премиер лигата ќе стартува една седмица подоцна.
– Започнуваме со тренинзите со една седмица задоцнување во однос на Шпанија. Премиер лигата ќе се врати на 20-ти јуни. Пред 48 часа ги завршивме тестовите за коронавирусот и во Арсенал сите беа негативни, – изјави Себалјос и потоа се осврна на својата иднина.
– Јас и натаму сум играч на Реал Мадрид, а секој играч во светот сака да игра за Реал. Имам договор уште три години и идеално би било да триумфирам во Мадрид. Најдоброто од мене допрва доаѓа, треба да се почувствувам важен, да се почувствувам лидер, – вели Дани кој очигледно очекува нова шанса од Зидан.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Свет18 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)