Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Себалјос ја има формулата за „чудо“ против Арсенал: Потребно е…

Објавено

на

foto:x.com/chirichampions

Реал Мадрид успеа да го победи Алавес со 1-0 иако во првиот дел остана без Килијан Мбапе кој доби заслужен црвен картон по еден невнимателен старт над Антонио Бланко.

Со овој триумф „кралевите“ одново се вратија на минус четири во однос на лидерот Барселона, ама и ја кренаа самодовербата во пресрет на реваншот со Арсенал во Лигата на шампионите. „Кралевите“ беа убедливо поразени во Лондон, но и покрај поразот од 3-0 постои оптимизам, верба дека може да се избрише негативата и да се направи ново фудбалско чудо на „Бернабеу“.

-Чекор по чекор чувствувам дека станувам посилен и подобар и секогаш сакам да му помогнам на тимот, -вели Дани Себалјос кој против Алавес ги одигра првите минути по камбекот на терените по повредата.

-Секој играч против Арсенал ќе мора да биде на 200 проценти и навивачите на стадионот да бидат зад нас. Се надеваме на неверојатна атмосфера и тоа ќе ни помогне да направиме пресврт, -порача Себалјос кој во минатото настапуваше за „топчиите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни