Поврзете се со нас

Шпанија

Себалјос доби најлоши вести и го пропушта клучниот дел од сезоната: Фудбалот не е праведен (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Дани Себалјос конечно се избори за редовна минутажа во Реал Мадрид и се претвори во важен фактор во ситемот на Карло Анчелоти, но во денови кога ги имаше најдобрите моменти во „кралскиот клуб“, пристигна вест која најмалку ја посакуваше.

Играчот за врска се повреди по еден дуел со Кубо во самата завршница од полуфиналето против Реал Сосиедад, по што веднаш се доби впечаток дека станува збор за посериозна повреда.

Како фудбалер кој има искуство со доста непријатни повреди, Себалјос со многу емоции и солзи во очите го напушти теренот, па неговите стравувања испаднаа точни бидејќи Реал Мадрид денеска информираше дека има потешка мускулна повреда.

Шпанскиот првак ја информираше јавноста дека Себалјос ќе го пропушти клучниот дел од сезоната и ќе отсуствува два месеци, поради што би се врати за финишот од кампањата во месец мај.

– Многу сум тажен што нема да можам да му помогнам на тимот во овој толку важен дел од сезоната. Исто така сум тажен што морам да направам пауза во период кој беше најдобар за мене.

– Но, фудбалот е таков, понекогаш не е праведен. Затоа, морам да се соочам со овој предизвик со многу силна, со желба за борба и со одличност дека ќе се вратам уште посилен. Сум излегол од многу потешки ситуации, ви благодарам за грижите и љубовта. Се гледаме наскоро, многу побрзо од што мислите, – порача Себалјос на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни