Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Себалјос брутално го истрола Симеоне по шоуто на Аргентинецот на пресот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Диего Пабло Симеоне многу тешко го прифати сценариото во кое Атлетико Мадрид доживеа елиминација во осминафиналето во Лигата на шампиони, откако неговиот тим одново загуби во еден пенал рулет со Реал, исто како што беше случај и во финалето во 2016-та година.

Тренерот на Атлетико имаше прилично бурно обраќање од прес-центарот поради спорниот пенал кој му беше поништен на Хулијан Алварез, па откако наиде на отпор од еден новинар, бараше од останатите да креваат раце после прашање кое им го постави.

Чоло побара од присутните новинари во прес-центарот да кренат раце доколку забележале двоен контак при ударот на неговиот напаѓач, а откако не доби ниту една пријава, побара да му биде поставено следното прашање.

Шоуто на Симеоне брзо стана вирално за сите корисници на социјалните мрежи, па така Дани Себалјос си даде за право да го истрола противничкиот тренер.

Повредениот играч за врска „крена рака“ преку својот профил на социјалните мрежи, а со тоа предизвика големо воодушевување меѓу навивачите на Реал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни