Поврзете се со нас

Германија

Се зголемува македонската колонија во Германија: Елези пред промоција во Бундеслигата!

Објавено

на

Агон Елези беше прекомануван во јуниорскиот тим на Вараждин откако не успеа да пронајде заеднички јазик за продолжување на соработката, но сега двете страни пронашле договор според кој Македонецот ќе направи најголем чекор во кариерата.

Угледните хрватски медиуми ексклузивно пренесуваат дека македонскиот репрезнентативец веќе е на пат кон Германија, каде во најскоро можно време треба да ги мине медицинските прегледи и да потпише за Бохум.

Елези ќе се претвори во третиот Македонец кој прави трансфер во Германија во овој зимски преоден рок, бидејќи претходно Елиф Елмас заврши во РБ Лајпциг, а Дарко Чурлинов се врати во Шалке 04.

Заминувањето на Елези од Вараждин беше само прашање на време, но крајната дестинација дефинитивно е изненадувачка, бидејќи првично се велеше дека има договрено трансфер во австриски Клагенфурт.

Најновата вест од Хрватска дефинитивное најповолна за македонскиот репрезентативец, кој во иднина ќе настапува во една од топ петте најдобри лиги во светот.

Бохум има далеку подобра сезона од лани и има солидна предност пред екипите кои се борат за опстанок, односно е на само четири бода од осмото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни