Се зголеми македонската колонија во Ратинген: Филип Лазаров нов соиграч на Ангелов и Јоноски

lazarov

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Лазаров кариерата ќе ја продолжи во германскиот третолигаш Ратинген.

Ова беше објавено на официјалната страна на клубот од каде потврдија дека Лазаров потпишал тригодишен договор со тимот кој има цел да се пласира во втората германска лига оваа сезона.

Филип Лазаров во Ратинген ќе биде во друштво на македонските интернационалци Петар Ангелов Диви и Ацо Јоноски. Токму Јоноски бил иницијаторот на доаѓањето на Лазаров во германскиот клуб.

-Ми се допадна визијата на клубот, а одличната организација ми помогна да го изберам Ратинген. Убеден сум дека ќе имам убави моменти со моето семејство тука- коментираше 33 годишниот Лазаров.

Менаџерот на клубот Бастијан Шилеркамп упати јавна благодарност до Ацо Јоновски кој помогнал за реализација на овој трансфер.

Филип Лазаров во досегашната кариера има настапувано за најголемите македонски клубови Вардар и Металург, како и за Пелистер, Темишвар, Плер, а последен клуб му беше турски Бешикташ.

Image

Facebook Коментари