Се запали автобусот на Црвена Звезда, играчите спасуваа жива глава скокајќи од него (Видео)

Foto-v-markovic 4490

Синоќа за време на прославата на шампионската титула на Црвена Звезда се запали автобусот кој ги пренесуваше фудбалерите на клубот од стадионот „Рајко Митиќ“ до храмот Свети Сава, каде требаше да биде последната станица.

Фудбалерите постојано држеа факели во своите раце и на тој начин ја прославуваа 28. титула на клубот, а еден факел успеа да запали дел од автобусот по што пожарот потоа се прошири.

Играчите буквално скокаа од панорамскиот автобус за да спасат жива глава. На крајот, за среќа никој не беше повреден, а шампионската прослава продолжи во најдобар тек.

Facebook Коментари