Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Се заканува одложување на натпреварот меѓу Барселона и Динамо Киев, потребно е само уште…

Објавено

на

Натпреварот помеѓу Барселона и Динамо Киев кој  на програмата е во текот на утрешниот ден би можел да биде откажан поради безбедносни причини.

Украинскиот тим во Барселона пристигна само со 13 фудбалери од првиот тим што е минимумот на играчи со кои еден клуб може да се натпреварува на натпревари под капата на УЕФА.

Тоа значи дека доколку само уште еден фудбалер на Динамо Киев кој е ставен на „ЛистатаА“ испадне позитивен на вирусот, натпреварот против Барселона и дефинитивно ќе биде одложен.

Во неделата целиот тим на Динамо Киев беше тестиран и шест од фудбалерите биле позитивни на вирусот. Лошо е тоа што пред тестирањата тие тренирале со останатите фудбалери, па можно е болеста да се проширила и на оние кои имале негативен тест.

Во текот на денешниот ден ќе биде извршено ново тестирање по кое ќе бидат појасни работите, дали натпреварот на „Камп Ноу“ ќе се одигра или ќе биде одложен за во следните месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни