Поврзете се со нас

Репрезентација

Се за добри резултати: Кошаркарите со чартер лет ќе патуваат на турнирот во Перм

Објавено

на

blank

Наредниот месец македонската кошаркарска репрезентација ја очекуваат клучните битки од квалификациите за пласман на Европското првенство и тоа на турнирот што ќе се одигра во Перм, Русија.

Нашите кошаркари таму ќе одиграат четири мечеви во периодот од 18. до 22. февруари, па македонската куќа на кошарката ќе се потруди делегацијата да ги има најдобрите услови и како дел од целиот тој пакет е обезбеденот чартер лет до Перм.

-Нашиот најдобар сениорски тим заслужува и најдобри услови за функционирaње. Со оглед на тоа дека пред момците и стручниот штаб е оној најзначаен дел од квалификациите, ние како федерација се потрудивме и обезбедивме сè што потребно за тоа. Вклучително и чартер-лет до Русија, каде во наредниот месец нè чекаат четири квалификациски натпревари. Се со една цел, нашиот најдобар тим да биде што е можно подобро подготвен за предизвиците, и сите заедно да се обидеме да дојдеме до пласман на Евробаскетот.

-И во оваа прилика, сакам да ја потенцирам нашата извонредна соработка која ја имаме со Агенцијата за млади и спорт, и директорот Наумче Мојсоски, кои ги следат нашите меѓународни активности, –истакна првиот човек на федерацијата, Перо Антиќ.

Согласно со плановите на стручниот штаб, „црвено-жолтите“ ќе полетаат за Перм на 15. февруари во претпладневните часови, враќањето пак од Русија е предвидено за 23. февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни