Поврзете се со нас

Македонија

Се врати во старата средина: Фазли се договори со „лавовите“ од Ѓорче

Објавено

на

Тимот на Македонија Ѓорче Петров има намера добрите резултати од првиот дел од шампионатот да ги потврди и во пролетната сезона, а за тоа најдобро говорат активностите, договорение засилувањата на клубот од западната скопска населба.

Во текот на вчерашниот ден „лавовите“ ги потврдија ангажманите на Бразилците Чарлстон Силва дос Сантос и Робсон Да Силва и на Изет Ајрулаху за да денеска овој клуб се пофали и со напаѓачот Самир Фазли.

Македонија ЃП промовираше три нови имиња (ФОТО)

Фазли е поранешен играч на Македонија ЃП, клуб од кој своевремено летна за Холандија и тоа во Херенвен. Сега по повеќе од една деценија се враќа во Ѓорче Петров и заедно со Калид Басид треба да бидат ударна игра во нападот на тимот предводен од Жикица Тасевски.

-Добредојде дома Самир Фазли, -порачаа ѓорчепетровци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни