Македонија
Се врати во позната средина: Велко Маркоски одново ќе го носи дресот на Вардар

Актуелниот македонски шампион Вардар 1961 доведе уште едно засилување за битките во вториот дел од сезоната.
Нов член на „црвено-црните“ е поранешниот македонски репрезентативец Велко Маркоски кој во последнава полусезона ги бранеше боите на Струга. Маркоски е познат како голем борец, специјалист за одбранбени задачи, па неговото искуство, квалитет ќе придонесе за за создавање на уште погранитна одбрана.
Ова за Велко е враќање во Вардар затоа што тој беше дел од тимот од 2003 до 2010 година. Договорот е со важност до крајот на кампањата со можност соработката да биде продолжена.
Маркоски заедно со останатите играчи кои немаа репрезентативки обврски (Гогов, Ристовски, Стојановски, Мишевски, Карапалевски, Моралес, Лазаревски, Атанасовски, Стоилов и Ќосевски) ќе тренираат, подготвуваат за пролетните предизвици, битки во кои Вардар има амбиција да ја освои двојната круна.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 24 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 20 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Англијапред 2 часа
Дајч веднаш донесе нова енергија во Евертон: Лидерот Арсенал изненаден на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)