Поврзете се со нас

Македонија

Се врати уште едно дете од школата: Вардар ангажираше нов голман (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/FKVardarSkopje

Вардар активираше уште едно враќање на фудбалер кој потекнува од фудбалската школа на „црвено-црните“, бидејќи по Александар Ѓурковски, кам-бек во клубот направи и Методија Велковски.

Станува збор за 23-годишен чувар на мрежата кој промени неколку клуба на највисоко ниво во нашата земја, меѓу кои Силекс, Струга, Осогово и Кадино.

Велковски доаѓа во првиот тим на Вардар како поддршка за капитенот Филип Гачевски кој веќе некое време е недопирлив на голот, но сепак останува да видиме која ќе биде конечната одлука на новиот тренер Горазд Михајлов.

– 23 годишниот голман Методија Велковски е нов играч на ФК Вардар. Потекнува од нашата фудбалска академија, а во досегашниот тек на својата кариера беше дел од екипите на Силекс, Струга, Осогово и Кадино.

– Велкоски воедно ги има поминато и сите младински селекции на репрезентацијата на Македонија. Добредојде во црвено црното семејство Методија!, – гласи објавата на Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни