Поврзете се со нас

Македонија

Се врати дома: Стојкоски повторно ќе го носи дресот на „лавовите“ од Ѓорче

Објавено

на

Екипата на Македонија Ѓорче Петров официјално го претстави новото зимско засилување, а тоа е Кристијан Стојкоски.

Стојкоски е добро познат лик во таборот на клубот од Ѓорче Петров со оглед на тоа што тука играше неколку сезона за да по епизодите во Шкупи, Академија Пандев и Работнички се врати дома.

-Дома е онаму каде што ти е срцето. Добредојде дома Кристијан Стојкоски, -порачаа од клубот од западната скопска населба.

Ѓорчепетровци првиот дел од оваа кампања го завршија на 6 место во шампионатот, додека пак во Купот на Македонија обезбедија билет меѓу четирите најдобри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни