Поврзете се со нас

Олимписки игри

Се враќаат на најголемата сцена по две децении: САД и Србија го дознаа ривалот за ОИ во Париз (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FIBA

Шпанија и Грција не дозволија никакви изненадување и со триумфите над Бахами и Хрватска обезбедија место на Летните Олимписки Игри, нешто што пак претходно го направи и Бразил кој славеше на турнирот во Летонија.

Последниот патник во Париз беше решен рано утрово и тоа во Сан Хуан домаќинот Порторико направи изненадување и ја реши Литванија со 79:68. Мотивираните и борбени Порториканци ги надиграа Литванците и по пауза од 20 години одново ќе играат на ОИ и тоа во група со првиот фаворит за златото САД, потоа Србија и Јужен Судан.

Блескаше плејмејкерот на Њу Орлеанс Пеликанс, Алварадо со 23 поени, додека пак на спротивната страна потврди Сабонис кој уфрли само 10 поени што е премалку за вакво „финале“, меч кој одлучува за пласман на најголемиот спортски настан.

Ова се комплетните група за кошаркарскиот турнир во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни