Поврзете се со нас

НБА

Се враќа во позната средина: Тибодо ќе биде нов тренер на Њујорк Никс

Објавено

на

Негогашниот предводник на Чикаго Булс и Минесота Тимбервулвс, Том Тибодо ќе биде нов тренер на Њујорк Никс.

Според информациите на „ЕСПН“ и секогаш добро информираниот Адријан Војнаровски тимот од „Медисон Сквер Гарден“ и 62 годишниот стручњак ги средуваат последните детали пред да биде потпишан петгодишен договор.

Ова ќе значи дека Тибодо ќе се врати во Њујорк со тоа што сега ќе ја има улогата на главен тренер, а не како од 1996 до 2004 кога му беше асистент на Џеф Ван Ганди. Како и да е Том ќе го чека тешка задача, сериозен предизвик со оглед на тоа што Никси долги години резултатски се мачат и не успеваат да фатат приклучок со најдобрите екипи во лигата.

Натпреварувачката 2019/2020 ја завршија со учинок 21-45, а тоа значеше дека шеста година во низа остануваат без настап во плејофот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни