Македонија
Се враќа во позната средина: „Лавовите“ го потврдија ангажманот на Фазли (ФОТО)

Скопскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров потврди уште еден трансфер пред стартот на вториот дел од домашниот шампионат, а тоа е оној на Самир Фазли.
Фазли по трет пат во кариерата ќе го носи дресот на составот од Ѓорче Петров.
Напаѓачот го започна фудбалското патување како сениор токму во таборот на „лавовите“ по што следуваа ангажманите во Херенвен, Хелмонд, Вил, Рудеш, Шкендија, па одново враќање во Македонија, кратка авантура во Казахстан во Туран за да сега повторно се врати дома.
Поранешниот македонски шампион во овој преоден рок претходно ги доведе Амирхосеин Хаџиага, Давид Атанасовски, Годберг Купер, Кристијан Стојкоски, а на на перманетна основа го потпиша Сефер Емини.
Ѓорчепетровци пролетниот дел од ПМФЛ ќе го започнат на домашен терен со средба против Тиквеш.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција