Се враќа во позната средина: Јаневски ќе води тим од Кипар

cede_janevski

Македонскиот фудбалски стручњак, Чедомир Јаневски се враќа на Кипар и тоа во тимот кој го водеше пред девет години-тоа е составот на Енозис Неон Паралимни.

Тој е тим на кој не му оди годинава и се наоѓа на претпоследното 11 место во првата кипарска лига, па раководството на клубот се одлучи да му се заблагодари на Густаво Сивиеро и на негово место го назначи Јаневски. Чеде го водеше овој тим во периодот од 2009 до 2011 година, а во оваа земја има работено и во Етникос Ахна.

Поранешниот македонски селектор последниот ангажман во имаше во Исмаили од Египет.

Facebook Коментари