Поврзете се со нас

Италија

Се враќа старото правило: Мајсторка ќе решава за Скудетото ако два тима имаат ист број на бодови

Објавено

на

Италијанскиот шампионат беше супер интересен и неизвесен до самиот крај во минатата сезона, сезона во која титулата заврши во рацете на Милан пред градскиот ривал Интер.

Лесно можеше да се случи двете екипи да имаат ист број на бодови и на крајот шампион да бидат „росонерите“ поради подобриот резултат во меѓусебните дуели. Ова во иднина нема да може да се случи, односно ако два тима имаат освено идентичен број на поени тогаш ќе се игра мајсторка.

Ова е одлуката која ја донесе италијанската фудбалска федерација, одлука која значи дека ќе имаме нов меч во кој ќе се играат 90 минути во кои ако нема победник веднаш ќе се пријде кон изведување на пенали.

Ова е всушност враќање на старото правило кое важеше во Серија А за сите вакви изедначени ситуации – борба за титула, место во Европа или опстанок – додека не се усвои да се гледа резултатот од меѓусебните битки.

Само еднаш шампионот во Италија бил решен со мајсторка и тоа во 1964 година кога Болоња била подобра од Интер со 2-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни