Поврзете се со нас

Англија

Се враќа Премиер лигата, познато е со кои два натпревари ќе се продолжи сезоната

Објавено

на

Фудбалот во Англија ќе се врати и веќе излегоа информации за тоа кога ќе продолжи сезоната во Премиер лигата и тоа со точен датум и натпревари.

Голем број на медиуми на островот меѓу кои и најреномираните како „Би-Би-Си, „Телеграф“, „Дејли Меил“, „Скај Спортс“… излегоа со вест дека Премиер лигата ќе се врати на 17 јуни и тоа со средбите Астон Вила-Шефилд Јунајтед и Манчестер Сити-Арсенал.

Со ова сите клубови во елитната англиска конкуренција би имале по 29 одиграни натпревари и ќе може редовно да си течат колата до самиот крај на кампањата. Ова значи дека клубовите ќе имаат три недели за да можат максимално да се подготват, веќе имаат дозвола за тренинзи со контакт меѓу играчите што значи дека се појасно е дека од месец јуни ќе можеме да уживаме во фудбалот од островот.

Премиер лигата беше прекината во месец март поради пандемијата со КОВИД-19, се вкупно до крајот треба да се одиграат уште 92 натпревари.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни