Поврзете се со нас

Англија

Се враќа на сцената по 18 месеци: Лампард ќе вoди клуб од Чемпионшип

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Англиската фудбалска легенда, Френк Лампард се враќа на сцената по пауза од 18 месеци и тоа со тренерски ангажман во Чемпионшип лигата.

Лампард официјално беше именуван како нов предводник на поранешниот премиерлигаш Ковентри и тоа со две ипол годишен договор. Ковентри има забележано само 4 победи на досегашните 17 лигашки натпревари, поточно е само на два бода од зоната за испаѓање од понизок ранг што значи дека Лампард го очекува сериозен тест и предизвик како наследник на Марк Робинс.

Инаку Френк новото поглваје во животот, кариерата го започна како предводник на Дерби Каунти по што си обезбеди враќање во Челси од каде потоа следуваа ангажмани во Евертон и краток период одново ги водеше „сините“ од „Стемфорд Бриџ“.

Дебито на новата функција ќе го има во сабота против Кардиф, ривал кој е идеален во оваа ситуација затоа што е под Ковентри на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни