Поврзете се со нас

Свет

Се враќа на познато место: Ѓоко Хаџиевски повторно ќе води клуб од Саудиска Арабија

Објавено

на

Поранешниот македонски селектор, Ѓоко Хаџиевски одново ќе биде актиевен во Азија и тоа со ангажман во Саудиска Арабија.

Хаџиевски кој има огромно искуство во арапските земји е назначен за нов предводник на составот на Наџран. Ова за Ѓоко ќе биде трет ангажман на клупата на овој клуб со оглед на тоа беше активен во истиот во сезоната 2011/2012 и 2013/2014.

Наџран игра лошо во актуелнава кампања каде со 17 бода е на претпоследното 17 место на табелата во втората лига на Саудиска Арабија, па нашиот стручњак ќе има задача да обезбеди опстанок во оваа екипа. Тој ќе има македонско друштво, поточно со него ќе бидат Филип Деспотовски, Филип Спасески и Филип Маџовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни