Поврзете се со нас

Македонија

Се враќа фудбалот во Македонија: Фудбалската Федерација ги извлече двојките за бараж средбите во Втората лига

Објавено

на

Иако Македонската куќа на фудбалот ги стопираше сите фудбалски случувања на одреден период и ја прогласи првата лига за завршена, сепак со старт од наредната недела ќе има први фудбалски натпревари во корона-ерата.

Во просториите на ФФМ денеска беа извлечени паровите за бараж натпреварите кои треба да се одиграат, а со кои треба да се пополнат празните места во Втората Македонската фудаблска лига – Запад.

На 7. јули на Градскиот стадион во Тетово, воведниот натпревар ќе го одиграат екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна.

На 10. јули на Градскиот стадион во Тетово, ќе се соочат екипите на ФК Чаклани и ФК Велешта.

Во последниот круг на 13. јули, исто така на Градскиот стадион во Тетово, (ќе се одигра доколку има натпреварувачко значење), ФК Велешта ќе игра против ФК Фортуна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни