Поврзете се со нас

Италија

Се враќа дома: Ѕаниоло се договори со еден од најдобрите клубови во Серија А

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Повремениот италијански репрезентативец, Николо Ѕаниоло е на добар пат да се врати во својата татковина и тоа во еден од најдобрите клубови во Калчото во изминативе неколку сезони.

Имено неколку извори информираа дека офанзивецот ќе го замени дресот на Галатасарај со актуелниот освојувач на Лигата на Европа, тимот на Аталанта.

Клубот од Бергамо ја добил битката со Фиорентина и за сума од околу 22-23 милиони евра ќе го ангажира поранешниот играч на Рома и Интер.

Се работи за позајмица од 3,5 милиони евра со опција за дополнителни 16 милиони евра, плус 2,5 милиони евра во бонуси. Тој официјално ќе стане играч на Аталанта ако одигра 60-65 проценти од натпреварите во следнава сезона, поточно целата операција ќе изнесува нешто над 20 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни