Поврзете се со нас

Англија

Се уште има „луди“ навивачи на Островот: Пикфорд морал да ангажира телохранители откако добивал закани по живот

Објавено

на

Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд морал да ангажира телохранители кои ќе го чуваат откако се почесто добивал закани по својот живот и по животот на неговото семејство од бесни фанови на Ливерпул.

Пикфорд опасно стартуваше врз Вирџил ван Дајк на Мерсисајд дербито кое беше одиграно на 17 октомври. По тој старт ван Дајк го напушти теренот и сега се соочува со пауза од најмалку шест месеци.

Поради овој старт и повредата на најдобриот фудбалер на Ливерпул, Пикфорд  добил смртоносни закани, па морал да ангажира приватно обезбедување пред својот дом.

– Џордан беше шокиран од нивото на напади кои ги прими после тој натпревар. Тој е одлучен да преземе се што е во негова моќ за да го заштити неговото семејство, -изјави близок пријател на Пикфорд за „Дејли Мејл“.

Куќата на Пикфорд во Чешајр е постојано со физичко обезбедување, а од агенцијата која ја ангажирал голманот за да го обезбедува му било советувано тој да не ги користи ниту социјалните мрежи затоа што евентуалните напаѓачи многу лесно би го нашле на тој начин.

Хулиганството во Англија беше познато во минатото, а сега е искоренето на фудбалските стадиони, но очигледно се уште има „луди“ фанови кои се подготвени да сторат се, па дури и најлошото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни