Поврзете се со нас

Свет

Се трага по поранешен играч на Вилијареал, исчезнал додека преминувал река

Објавено

на

blank

Уругвајската полиција трага по некогашниот фудбалер на Вилијареал и младински репрезентативец на оваа земја, Франко Акоста.

Своевремено еден од најталентираните уругвајски фудбалери исчезнал во саботата попладне додека ја преминувал реката во одделот Канелонес.

Акоста се обидел да ја премине реката со неговиот брат кој подоцна пријавил дека на фудбалерот му се загубила секаква трага.

Франко Акоста беше член на Вилијареал, а дел од кариерата помина и во Расинг Сантандер додека негов сегашен клуб беше Атенас кој се натпреварува во втората уругвајска лига.

Сега 25 годишниот напаѓач во минатото играл одлично во младинските категории на репрезентацијата на Уругвај по што доби повик да направи трансфер во Вилјареал. Сепак, неговата кариера не се одвиваше според зацртаното, па тој на крај заврши во второлигашот од Уругва, Атенас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни