Поврзете се со нас

НБА

Се собра шампионската екипа: Њујорк Никс се засили со играч кој нема пропуштено ниту еден меч во НБА лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAFRANCE

Њујорк Никс имаше навистина позитивна сезона, сезона која можеше да биде уште подобра ако не беа повредите на клучните играчи во плејофот.

Меѓутоа пласманот во полуфиналето на Истокот не е за потценување и клубот веќе работи на додавање на асови во кадарот кој ќе можат да придонесат да се направи дополнителен исчекор. Потврда за тоа е последниот потег, размената на играчи со Бруклин Нетс во која Никс го добија Микал Бриџис кој досега нема пропуштено ниту еден меч во својата НБА кариера.

Во зделката се вклучени и пикови на драфтот, но и и Бојан Богдановиќ кој отиде во спротивен спротивен правец што значи дека повторно ќе биде дел од „мрежичките“.

Со ова составот од „Медисон Сквер Гарден“ ги собра на едно место дечките од шампионската генерација на Виланова во која своевремено заедно со Бриџис беа Џејлен Брансон, Џош Харт, Донте Дивинченцо, поточно сега тимот кој освои НЦАА титула ќе се обиде да направи таков резултат со Никс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни