Поврзете се со нас

Лига на нации

Се случи „невозможното“: Зомер му одбрани два пенали на Рамос и му го расипа рекордниот настап (Видео)

Објавено

на

На денот кога Серхио Рамос постави европски рекорд по бројот на официјални настапи за националниот тим, швајцарскиот голаман Јан Зомер одлучи да му го упропасти убавиот јубилеј, правејќи нешто што капитенот на „фуријата“ и Реал Мадрид го нема доживеано во својата кариера.

Стоперот денеска го одигра 177-от натпревар за Шпанија и со тоа стана апсолутен европски рекордер пред Џиџи Буфон со 176, но иако имаше шанса да ја заокружи оваа прекрасна вечер и со два погодоци, на крајот не постигна ниту еден.

Капитенот на Шпанија на двапати изведуваше пенал од белата точка, но и во двата наврати поуспешен во директното соочување беше Јан Зомер. Првиот голман на швајцарската селекција во двата наврати перфектно го „прочита“ Рамос кој важи за еден од најдобрите „пеналџии“ во светот, нешто што сепак не беше случај вечерва.

Рамос беше во страшан серија од 25 последователни погодоци од пенал за Шпанија и Реал Мадрид, но вечерва во период од 57-та до 80-та минута, на двапати беше надмудренд од Зомер.

Швајцарија во двете ситуации имаше предност од 1:0 благодарение на голот на Фројлер од првиот дел, но на крајот не успеа да издржи докрај, бидејќи со играч помалку прими гол во 89-та минута. Стрелец на голот беше резервистот Морено, а натпреварот во Базел заврши 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни