Поврзете се со нас

Италија

Се „скрши“ љубота: Бонучи ќе го тужи Јувентус поради нарушување на угледот

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Леонардо Бонучи мина две незаборавни етапи во Јувентус и во овој клуб се етаблираше како еден од најдобрите дефазивци во светот, но сезоната која требаше да биде последна во неговата кариера започна со неверојатни турбуленции, кои сега ќе завршат со тужба на суд.

Масимилијано Алегри го информираше Лео дека нема да смета на него за новата сезона и целосно го отрфли од тренинзите на првиот тим, поради што Бонучи цело лето тренираше идндивидуално, пред да направи трансфер во Унион Берлин.

Бонучи на крајот на минатата капмања најави дека оваа најверојатно ќе биде неговата последна во кариерата, но додека се насочува кон новите предизвици во Бундеслигата, напоредно ќе се занимава и со судскиот процес кој решил да го активира и покрај љубовта кон Јувентус.

Како што јавуваат угледните италијански медиуми, Бонучи им одобрил на своите адвокати да достават тужба против клубот до италијанскиот спортски суд, со напомена дека клубот го прекршил колективниот договор за однос кон еден фудбалер кој е поставен од страна на италијансата асоцијација на фудбалери.

Бонучи во својата тужба наведува дека му бил нарушен имиџот и угледот и дека не добил вистински услови за тренинг од својот клуб, а доколку ја добие оваа правна постапка, целта е добиените пари да ги донира во невладина организација која хуманитарно се грижи за одржување на загрозени семејства и мали деца кои се болни во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни